Административна правда по европски стандарди

За Проектот

Центарот за правни истражувања и анализи започнувајќи од ноември 2019 година до април 2020 година ќе го спроведува проектот ,, Административна правда по европски стандарди”.

Општа цел на проект: Подобрување на системот на добро владеење во Република Северна Македонија преку обезбедување на ефективна административна правда заснована на европски стандарди

Специфични цели на проект:

–  Овозможување на административната правда преку зголемување на ефективноста и транспарентноста на Управниот суд на РСМ

–  Обезбедување на ефикасен, ефективен и економичен коректив на доброто владеење во РСМ

Активности предвидени во рамки на проектот:

– подготовка на Прирачник за судии за водење на јавна расправа во управен спор и изработка на курикулуми;

– креирање на Курукулум и спроведување на обука за водење јавна расправа во Академија за судии и јавни обвинители;

– изработка на Информативен постер со стадиумите во постапка по управен спор;

Очекувани резултати од спроведувањето на  истиот се:

–  Непречено одржување на јавни расправи во Управниот Суд преку користење на Прирачник за судии за водење на главна расправа по управен спор

–  Зголемување на фокусот на Академијата за обука на управните судии, адвокатите, државните правобранители и претставниците на јавнте органи преку спроведување на обука за водење главна расправа во управен спор во програма на АСЈО

–  Стекнување на теоретски и прктични знаења за управните судии, адвокатите, државните правобранители и претставниците на јавните органи преку спроведување на обука за водење јавна расправа за управните судии

–  Зголемување на свеста и знаењето на граѓаните и правните лица за управните спорови во кои учествуваат преку информативен постер објавен во управните судови и јавните органи.

Проектот „Административна правда по европски стандарди“ е финансиран од страна на Фондацијата Отворено општество Македонија.

Период:
01/11/2019 - 01/04/2020
Статус:
Спроведено
Проектот „Административна правда по европски стандарди“ е финансиран од страна на Фондацијата Отворено општество Македонија.