За Проектот
Контекст
Уставот на Република Северна Македонија (РСМ) го гарантира правото на приватност на граѓаните во согласност со Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи. РСМ исто така го усвои Законот за ратификација на Дополнителниот протокол кон Конвенцијата за заштита на поединците во поглед на автоматска обработка на лични податоци.
Во февруари 2020 година беше усвоен нов Закон за заштита на лични податоци (Службен весник на РСМ Бр.294/21) со цел усогласување на националното законодавство со општата регулативата за заштита на личните податоците на ЕУ (GDPR) како највисок правен стандард во овој домен. И покрај тоа што Агенцијата за заштита на лични податоци (АЗЛП) има примарна надлежност да врши надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци, како и заштита на темелните права и слободи на физичките лица во однос на обработката на нивните лични податоци, судството и јавното обвинителство имаат клучна улога во заштита на човековите права во онлајн просторот вклучително и правото на приватност.
Согласно правото на ЕУ и националното законодавство, секој субјект на лични податоци има право на ефективна судска заштита кога смета дека се повредени неговите права како резултат на обработка на неговите лични податоци. Во такви околности, неопходно е да се осигура дека правосудството е во тек со динамиката и предизвиците во информатичкиот сектор поврзани исо приватноста и заштитата на личните податоци.
Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) во своите програми за обука цели кон зајакување на стручноста на судството и јавното обвинителство, но во рамки на програмите за почетна и континуирана обука за судии и јавни обвинители недостасуваат обуки за заштитата на човековите права во дигиталниот простор вклучително и правото на приватност и заштита на лични податоци. Дополнително, има недостаток од истражувања за капацитетот на судството и јавното обвинителство за ефикасна заштита на правото на приватност и заштита на личните податоци, што е неопходно за развој на политики и ефективно спроведување на меѓународните стандарди. Јавните дебати и институционалниот дијалог на оваа тема се ограничени и недостасува хоризонтална соработка помеѓу клучните институции во ова област (судство, јавно обвинителство, АЗЛП, Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда, AСЈО, адвокати и граѓански организации). Овие недоследности може да резултираат со неефикасна судска заштита при повреда на личните податоци и правото на приватност, недоволен капацитет да се исполнат стандардите на ЕУ, недоверба во институциите и зголемен број на прекршувања на човековите права во дигиталниот простор вклучително и правото на приватност.
Цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на судството и јавното обвинителство во ефикасна заштита на приватноста на граѓаните, како и другите права и основни слободи засегнати од новите технологии во онлајн просторот во согласност со правото и стандардите на ЕУ.
Проектот ќе им користи на крајните корисници на следниов начин:
- Граѓаните и ранливите групи ќе бидат едуцирани за правните инструменти кои им стојат на располагање за судска заштита
- Академијата за судии и јавни обвинители ќе се стекне со наставни програми за обука на судии и јавни обвинители за заштита на лични податоци и правото на приватност на граѓаните во согласност со стандардите на ЕУ
- Судиите и јавните обвинители ќе бидат обучени за ефикасна истрага, гонење и судска заштита при повреди на човековите права во онланј просторот вклучително и правото на приватност и заштита на лични податоци.
- Агенцијата за заштита на лични податоци ќе има корист од истражувачките активности во рамки на проектот како и активностите за соработка помеѓу клучните институции
- Министерство за внатрешни работи (МВР) – најмалку 20 претставници од Одделот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе бидат обучени за заштита на лични податоци и правото на приватноста на граѓаните во согласност со стандардите на ЕУ
- Министерство за правда (МП) – проектот ќе го вклучи МП во стратешките дискусии за политики каде што ќе можат да придонесат, но и да ги рефлектираат понатаму препораките во нивните стратешки документи за креирање политики
- Правници и адвокати- ќе бидат вклучени во стратешките дискусии за политики, ќе споделуваат искуства и ќе даваат препораки за подобрување на политиките. Тие во својата деловна пракса ќе го користат “Водичот за заштита на човековите права во дигиталниот простор вклучително и правото на приватност “кој ќе биде подготвен во рамки на проектот.
- Граѓанските организации – ќе бидат дел од институционалниот дијалог придонесувајќи кон соодветни политики за заштита на човековите права и правото на приватност во онлајн просторот