ЗАЈАКНУВАЊЕ НА РЕГИОНАЛНАТА СУДСКА СОРАБОТКА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН ЗА ЕФЕКТИВНИ СУДСКИ СПОРОВИ ПРЕД ЕВРОПСКИОТ СУД НА ПРАВДА И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА

За Проектот

Од 1 октомври 2024 година, Центарот за правни истражувања и анализи започна со имплементација на проектот „Зајакнување на регионалната судска соработка во Западен Балкан за ефективни судски спорови пред Европскиот суд на правда и имплементација на Повелбата за фундаментални права на Европската унија“. Овој проект е прв регионален проект во рамки на ЦПИА кој се спроведува во соработка со граѓанските организации “Civic Alliance”- Црна Гора, “Civil Rights Defenders“ – Србија и “Civil Rights Defenders“ – Албанија.

Континуираната правна едукација на судството е клучна за унапредување на вештините на судиите, обвинителите и правните практичари, поттикнувајќи промена на менталитетот и опремување со потребното познавање на судската пракса на Европскиот суд на правда и практичното спроведување на Повелбата за основните права на Европската унија во националните правни рамки. Проектот се стреми кон прогресивно градење врски меѓу правните заедници во четирите земји, поттикнувајќи ја соработката и размената на најдобрите практики со клучните засегнати страни на Европската унија.

Општата цел на проектот е да се унапредат вештините и капацитетите на судиите, јавните обвинители и правните практичари за да покренат судски спор за суштинското право на Европската унија пред Европскиот суд на правда откако ќе станат земји-членки и ефикасно да ја спроведат Повелбата за основните права на Европската унија.

Специфични цели на проектот:

  • Зајакната регионална соработка и споделување на знаење меѓу професионалците во правосудството во Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија во однос на заедничките предизвици и решенија поврзани со примената на Повелбата за основните права на Европската унија и судските спорови пред Европскиот суд на правда.
  • Зголемени капацитети на судството во четирите земји за судски спор пред Европскиот суд на правда.
  • Зголемени капацитети на судството во четирите земји за примена на Повелбата за основните права на Европската унија.

Крајни корисници:

Република Северна Македонија – Академија за судии и јавни обвинители, Врховен суд на Република Северна Македонија, Судски совет на РСМ, Јавното обвинителство на РСМ, Совет на јавни обвинители на РСМ, Здружение на јавни обвинители на РСМ, Министерство за правда, Претседатели на судови (основни, апелациони, високи), правни експерти (меѓународни и домашни експерти, универзитетски професори, адвокати итн.), Здружение на судии на РСМ.

Република Србија – Академија за правосудство, Врховниот касационен суд на Србија, Високиот судски совет, Високиот обвинителски совет, Претседатели на судови (основни, апелациони, високи), правни експерти (меѓународни и домашни правни експерти, адвокати).

Република Црна Гора – Центар за обука за правосудство и јавно обвинителство, Врховен суд, Судски совет, Обвинителски совет, Министерство за правда, Претседатели на судови (основни, апелациони, високи), правни експерти (меѓународни и домашни експерти, универзитетски професори, адвокати итн.), Здружение на јавни обвинители на Црна Гора, Здружение на судии на Црна Гора.

Република Албанија – Училиште за магистрации, Уставен суд, Врховен суд, Високиот судски совет, Висок обвинителски совет, Министерство за правда, Претседатели на судови (првостепени и апелациони судови), Национално здружение на судии, правни експерти (меѓународни и домашни правни експерти, адвокати).

Период:
01/10/2024 - 31/03/2027
Статус:
Во тек
Проектот е финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија.