За Проектот
Проектот има за цел да придонесе кон поинклузивно и родово сензитивно општество преку зајакнување на правосудниот систем и активно вклучување на младите во процесите на креирање јавни политики. Тој адресира два меѓусебно поврзани системски предизвици: недоволната практична примена на родовата перспектива во правосудството и ограниченото, несистематско учество на младите во јавниот и политичкиот живот.
Во правосудниот сектор, проектот предвидува проценка на потребите и воспоставување родово сензитивна менторска програма која ќе обезбеди континуирана практична поддршка за судии, јавни обвинители и стручни служби, со фокус на препознавање родово базирани ризици, примена на меѓународни стандарди и еднаков пристап до правда.
Паралелно, проектот ја зајакнува улогата на младите преку младинска школа, локални форуми, студентски работилници и Хаб за поддршка на младински иницијативи во областа на родовата еднаквост и човековите права. На овој начин, младите добиваат знаење, менторство и простор за активно граѓанско учество, додека институциите добиваат нови канали за дијалог и иновација.
Проектот го спроведува Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) во партнерство со Македонското здружение на млади правници (МЗМП), финансиски поддржан од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) преку програмата „ЦМ-ПГ-2″.
Проектни активности:
А 1.1: Проценка на потребите за воспоставување родово сензитивна менторска програма
А 1.2: Креирање на родово сензитивна менторска програма во правосудството
А 1.3: Имплементација на родово сензитивната менторска програма во правосудството
А2.1: Младинска школа за родова еднаквост и активно учество
А2.2: Младински форуми за родова еднаквост и активно граѓанство
А3.1: Работилници со студенти по право за граѓански ангажман
А3.2: Хаб за младински ангажман
Период:
01/01/2026 - 31/12/2026Статус:
Во тек