Магистер по меѓународно право со фокус на меѓународно приватно право и PhD кандидат во областа на животната средина, со повеќегодишно искуство во имплементација и управување со проекти поддржани од различни донатори во областите на владеење на правото, заштита на личните податоци, животната средина и унапредување на јавните политики. Активно е вклучена во истражувачка и аналитичка работа, вклучувајќи подготовка на правни анализи, извештаи, policy papers и стратешки документи.

Поседува значајно искуство во организација и активно учество на домашни и меѓународни конференции, семинари и обуки, како и во воспоставување и одржување на партнерства со државни институции, граѓански организации и меѓународни организации. Има учествувано на повеќе меѓународни натпревари, летни школи и академски програми во областа на правото, со особен интерес за човековите права, владеењето на правото и процесот на европска интеграција.

Нејзиниот академски и професионален ангажман е насочен кон унапредување на правната рамка и практиките во согласност со европските и меѓународните стандарди, преку истражување, застапување и развој на јавни политики.