Татјана е искусна раководителка на проекти и експертка за родова еднаквост. Нејзиното работно искуство од 15тина години, го стекнува во граѓанскиот сектор,  но и во меѓународните организации. Таа раководела со проекти финансирани од ЕУ, Kvinna till Kvinna, UNWomen во областа на родовата еднаквост, превенција и заштита од родово базирано насилство и социјална инклузија. Има искуство во пишување извештаи во сенка за ЦЕДАВ и ГРЕВИО комитетите, и исто така има испорачано обуки за  родово сензитивно полициско работење, и превенција и заштита од родово-базирано насилство. Во нејзината последна професионална улога, беше одговорна за gender mainstreaming на сите програмски активности на Мисијата на ОБСЕ. Татјана е Магистер по политички науки, на Правниот факултет Јустинијан Први, во Скопје.