Магистер по меѓународно право и човекови права од Правниот факултет при Нотр Дам. Дипломиран правник од Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје и магистранд по меѓународно јавно право на истиот. Неговите истражувачки интереси се во областите на меѓународното јавно право, меѓународното право за човекови права и уставното право, со фокус на малцинските права, мирно решавање на спорови, конфликти на идентитети, постконфликтно помирување и транзициска правда.  Никола работеше за различни организации, вклучувајќи го Центарот за бегалско право и миграција на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, Националниот демократски институт (НДИ) во Северна Македонија и Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), фокусирајќи се на истражување на работата на Собранието на Северна Македонија во рамките на Програмата за парламентарна поддршка.