Магистер по граѓанско материјално и граѓанско процесно право при Правниот Факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, насочена во областа граѓанско материјално право. Своето искуство го стекнува како дел од практикантската програма на млади правници, каде понатаму станува дел од тимот на Центарот за правни истражувања и анализи како проектен асистент. Нејзините истражувачки интереси се насочени кон области на граѓанското право, судскиот систем, унапредување на правната помош, човековите права и пристапот до правда, со посебен акцент на зголемување на ефикасноста и транспарентноста на правниот систем.