Магистер по граѓанско материјално и граѓанско процесно право при Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, насочена во областа на граѓанското материјално право, како и магистер по човекови права и владеење на правото при Универзитетот во Мишколц, Унгарија. Своето искуство го стекнува како дел од практикантската програма за млади правници, каде понатаму станува дел од тимот на Центарот за правни истражувања и анализи како проектен асистент. Нејзините истражувачки интереси се насочени кон областите на граѓанското право, судскиот систем, човековите права и пристапот до правда, со посебен акцент на зголемувањето на ефикасноста и транспарентноста на правниот систем.