Магистер по меѓународно право од Еразмус Универзитетот во Ротердам, Холандија. Повеќе од 20 години работно искуство со управување на проекти за реформи во јавниот сектор. Работела во меѓународни организации и донатори (УНДП – 10 год., Британска амбасада, проекти финансирани од ЕУ) овозможувајќи поддршка на јавните институции (Секретаријатот за европски прашања, Министерство за транспорт и врски, Министерство за труд и социјална политика) за управување со странска помош и програмирање и следење на ИПА, ЕУ интеграции, добро владеење и транспортна политика.
