Магистер по меѓународно право со фокус на меѓународно приватно право, со повеќегодишно искуство во имплементација на проекти поддржани од различни донатори во областа на владеење на правото, заштита на личните податоци, животна средина и унапредување на јавните политики. Активно е вклучена во истражувачка и проектна работа, вклучувајќи подготовка на правни анализи, извештаи и стратешки документи.
Има богато искуство во организација и учество на домашни и меѓународни конференции, семинари и обуки, како и во градење на партнерства со институции, граѓански организации и меѓународни организации. Покрај тоа, има учествувано на повеќе меѓународни натпревари и летни школи во областа на правото, со посебен интерес за човековите права и ЕУ интеграциите.
