Одржана обука на тема ,,Улогата и потребните вештини на туторите на новоизбрани и унапредени судии’’ во соработка со АСЈО

На 06.11.2023 година, Центарот за правни истражувања и анализи во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители, во рамките на проектот ,, Унапредување на квалитетот и одговорноста на Македонскиот правосуден сектор’’ , одржа уште една обука од серијата обуки на тема ,,Улогата и потребните вештини на туторите на новоизбрани и унапредени судии’’. Овој пат обуката беше намената за слушателите на VII генерација во АСЈО со цел истите да бидат запознаени со концептот на туторство и можностите кои истото ги нуди, обуката беше одржана во просториите на АСЈО.

Во својство на веќе обучени судии, свои излагања и презентаци имаа: судија Љубица Колиќ од Основен граѓански суд – Скопје, која сподели дел од компаративните искуства, додека пак судија Наталија Донева – Основен граѓански суд – Скопје направи дистинкција помеѓу поимите ментор и тутор, а дополнително судија Тања Милева од Апелациониот суд – Скопје зборуваше за начинот и постапката за поддршка во работата на новоизбран судија од страна на судот преку овластени лица – тутори.

Цел на одржување на обуката беше пренесување на искуствата од веќе обучените тутори (судии) кои учествуваа на обуката за обучување тутори за новоизбрани и унапредени судии, која беше спроведена од страна на Холандскиот судија и претседател на судот во Зволе, Холандија г-дин Берт Ман и специјалистот за обука на судии, Марина Наумовска – Милевска.

 Обуката беше можност веќе обучените судии да ги споделат своите искуства со помладите колеги, со идеја токму тие да го искористат знаењето и можностите кои ваквата програма ќе ги понуди.

Ana
Share
This