![](https://cpia.mk/wp-content/uploads/2024/04/skrateno.png)
Со цел успешно спроведување на целите и активностите предвидени со проектот ,,Добро владеење во животна средина за имплементација на Зелена Агенда за Западен Балкан ” Центарот за правни истражувања и анализи потпиша меморандуми за соработка со Здружението на судии на Република Северна Македонија, Академијата за судии и јавни обвинители и Државниот инспекторат за животна средина.
Со меморандумите се предвидува зајакнување на соработката помеѓу страните во интерес на постигнување на целите на проектот, а ќе биде реализирана преку размена на информации, учество во проектните иницијативи и поддршка при имплементација на проектните активности.
Меморандумот стапи на сила со денот на неговото потпишување и ќе важи до 1 јануари 2027 година.
Повеќе за проектот ,,Добро владеење во животна средина за имплементација на Зелена Агенда за Западен Балкан ” може да прочитате тука:
Прочитај повеќе: Потпишан меморандум за соработка со цел успешно спроведување на проектот ,,Добро владеење во животна средина за имплементација на Зелена Агенда за Западен Балкан ”![](https://cpia.mk/wp-content/uploads/2024/05/viber_image_2024-05-09_09-46-59-925-1024x768.jpg)
![](https://cpia.mk/wp-content/uploads/2024/05/viber_image_2024-05-09_09-47-00-127-1024x768.jpg)
![](https://cpia.mk/wp-content/uploads/2024/05/viber_image_2024-05-09_09-47-00-340-768x1024.jpg)