Потпишан меморандум за соработка со цел успешно спроведување на проектот ,,Добро владеење во животна средина за имплементација на Зелена Агенда за Западен Балкан Зелена Агенда за Западен Балкан”

Со цел успешно спроведување на целите и активностите предвидени со проектот ,,Добро владеење во животна средина за имплементација на Зелена Агенда за Западен Балкан Зелена Агенда за Западен Балкан Центарот за правни истражувања и анализи потпиша меморандуми за соработка со Здружението на судии на Република Северна Македонија, Академијата за судии и јавни обвинители и Државниот инспекторат за животна средина.

Со меморандумите се предвидува зајакнување на соработката помеѓу страните во интерес на постигнување на целите на проектот, а ќе биде реализирана преку размена на информации, учество во проектните иницијативи и поддршка при имплементација на проектните активности.

Меморандумот стапи на сила со денот на неговото потпишување и ќе важи до 1 јануари 2027 година.

Повеќе за проектот ,,Добро владеење во животна средина за имплементација на Зелена Агенда за Западен Балкан Зелена Агенда за Западен Балкан” може да прочитате тука:

Ana
Share
This