Резултати од Второто национално мерење на реформите во правосудството

Во рамките на проектот “Воспоставување аналитички алатки за следење на реформите за поддршка на правосудниот сектор во РСМ”, ЦПИА го спроведе второто мерење од Матрицата на индикатори за реформи во судството.

Со цел да се добие вистинска и реална слика околу перформансите на правосудството, или пак одреден специфичен аспект поврзан со функционирањето на судскиот систем, во овој извештај беа анализирани 1) перцепциите на релевантни целни групи (преку користење на Матрицата), 2) правната рамка и релевантните извештаи (домашни и меѓународни) кои го следат судството и текот на реформите во правосудството, и 3) податоците од правосудните институции (судовите, Судскиот совет, Министерството за правда, Врховниот  суд, Академијата за судии и јавни обвинители, Здружението на судии и сл.). Во овој процес учество земаа повеќе од 3000 испитаници од правосудните институции (судии, судска служба, јавни обвинители), адвокати, нотари, извршители, државни правобранители, медијатори но и физичките лица како странки во судските постапки.

Резултатите од мерењето можете да ги погледнете на следното видео:

Gorica Nadjinska
Share
This