Центарот за правни истражувања и анализи во периодот јануари – декември 2018 година го имплементираше проектот „Акција против данок плус“.
Главниот идентификуван проблем кој беше во фокус на овој проект е обврската за регистрација на данок на додадена вредност од страна на физичките лица во Република Македонија чиј промет во текот на една календарска година надминува сума од 1.000.000 (еден милион) денари согласно Законот за данок на додадена вредност. Проектот имаше за цел да даде директен придонес кон намалување на финансиските импликации врз работата на граѓанскиот сектор преку сеопфатна проценка на влијанието на регулатива која директно задира во нормалното функционирање и одржливоста на граѓанскиот сектор преку три специфични цели и тоа:
1. Утврдување на негативните аспекти и последици од примена на контрадикторна законска регулатива како и нејзината (не)усогласеност со најдобрите практики и регулативи на Европската Унија;
2. Утврдување на конкретни препораки и апликативни решенија за олеснување на финансиското работење на граѓанските организации при ангажирањето на човечки ресурси во реализација на своите активности;
3. Зголемување на јавната свест за неповолните импликации на моменталната законска регулатива и потребата за граѓански активизам за промена на истата;
Проектот е поддржан од страна на Институт за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје, во рамките на проектот „Проценка на влијанието на регулативата во сенка: Промовирање на креирање политики базирани на докази” финансиран од Европската Унија.