Центарот за правни истражувања и анализи започна со имплементација на проектот „Воспоставување ефикасна и ефективна еколошка правда“.
Целта на проектот е да се воведе модел на политика за ефикасен надзор и спроведување на еколошките политики и регулативи, зајакнувајќи ја имплементацијата на меѓународните еколошки стандарди.
Проектот ќе ги идентификува проблемите поврзани со надзорот над спроведувањето на законодавството за животна средина и преку широк консултативен процес ќе обезбеди препораки кои ќе ја подобрат еколошката ревизија и спроведувањето на регулаторната рамка за животната средина.
Преку воспоставување заедничка платформа со претставници на државата, експерти, јавноста и граѓански организации ќе се обезбеди заеднички и одржлив пристап за спроведување на барањата и приоритетите за животната средина. Платформата ќе вклучи стручна поддршка и вклучување од сите државни органи кои имаат моќ да се справат со еколошките приоритети преку поддршка на политики и законски формулации и решенија. Дополнително анализата на празнината на постојните еколошки политики и можностите за справување со законските и институционалните предизвици во законодавството за животна средина ќе овозможи развивање на модел со кој се предложат алтернативи на политиките во смисла на потребата за управување со кризи во делот на животната средина и постојните ресурси на земјата.
Временската рамка за спроведување на проектот е од 1-ви октомври 2020 до 31-ви март 2021 година. Проектот е дел од програмата Good Governance Fund, финансиран од UK aid преку Владата на Обединетото Кралство.