Четврта работилница за одговорност, ефективност и транспарентност во судството

На ден 1-ви и 2-ри октомври 2020 година се одржа четвртата работилница за одговорност, ефективност и транспарентност во судството за апелационото подрачје Скопје

Во рамките на проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“ во хотелот Гарденија во Велес. Учесниците доаѓаа од Основните судови од Велес, Гевгелија, Кавадарци, Крива Паланка и Куманово. Иста ваква работилница како 5-та и финална ќе се одржи во наредниот период за останатите судови од апелационото подрачје Скопје.

Поради сериозноста на настанатата ситуација со вирусот КОВИД-19, средбата се одржа со целосно почитување на мерките и протоколите предвидени за заштита на учесниците при одржување вакви средби.

Темите на кои експертите ги истакнаа своите знаења и искуства наа оваа работилница се однесувaа на транспарентноста, отчетноста и ефективноста на работата на судиите и судската администрација според домашната и меѓународната правна рамка, дисциплинската наспроти етичката одговорност на судиите, управување со предмети во функција на интероперабилност како и ефикасната комуникација во судството.

Предавачите за оваа работилница беа д-р Наташа Габер– Дамјановска, директорка на Академијата за судии и јавни обвинители, Лазар Нанев, судија од ОС Кавадарци, проф. д-р Гордана Лажетиќ од Правниот факултет ,,Јустинијан Први‘‘ – Скопје и Лидија Таневска – Јадровска, шеф на кабинетот на Претседателот на Врховниот суд и претставник од Здружението на судската администрација.

Оваа работилница се спроведува како дел од проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“ кој е реализиран заедно од страна на Институтот за човекови права и Центарот за правни истражувања и анализи, а истиот се спроведува во соработка со Здружението на судии и Здружение на судска администрација.

Цел на проектот е зголемувањето на влијанието на здруженијата на граѓани и професионалните здруженија во судските реформи преку нивно заедничко вклучување во оценувањето на работењето на судството преку ефективна соработка со сите чинители восудството.

Проектот е финансиран од Европската Унија преку Секторот за централно финансирање и склучување на договори и кофинансиран од страна на  Британската Амбасада во Скопје.

Gorica Nadjinska
Share
This