ЗАПОЧНА ВТОРИОТ ЦИКЛУС НА ОБУКИ НА ТЕМА: УЛОГАТА И ПОТРЕБНИТЕ ВЕШТИНИ НА МЕНТОРИТЕ НА НОВОИЗБРАНИ И УНАПРЕДЕНИ СУДИИ”

На 15.09.2023 година на апелационото подрачје Штип започна новиот циклус на обуки на тема ,,Улогата и потребните вештини на менторите на новоизбрани и унапредени судии’’. Како и во првиот циклус во кој беа опфатени апелационите подрачја Битола, Скопје и Гостивар, целта на обуката беше пренесување на знаењата и искуствата од веќе обучените ментори (судии) кои беа дел од обуката за обучување тутори за новоизбрани и унапредени судии, која беше спроведена од страна на Холандскиот судија и претседател на судот во Зволе, Холандија г-дин Берт Ман и специјалистот за обука на судии, Марина Наумовска – Милевска. 

Самата обука беше поделена на два дела, каде во првиот дел Судијата Ѓорѓи Андонов – Претседател на основен суд Штип ги сподели искуствата со новоизбраните судии од својот суд. Во понатамошиот тек на обуката судијата Марина Зравкова одговараше на прашања и зборуваше за своите почетни предизвици и очекувања како новоизбран судија во основниот суд Штип. Дополнително, свое излагање имаше и адвокатот Александар Гоџо, тој сподели дел од искуствата кои лично ги имал, во својство на адвокат во споровите пред новоизбран, односно унапреден судија.

Во вториот, завршен дел од обуката, во својство на веќе обучени судии, со цел да ги пренесат своите знаења, излагања и презентаци имаа: судија Ѓорѓи Андонов, судија Билјана Коцевска од основен кривичен суд Скопје и судија Габриела Гајдова од основен суд Велес. Судијата Андонов сподели дел од позитивните компаративни искуства од Англија, Велс, Германија, Франција и Белгија. Потоа, судија Коцевска го диференцираше поимот тутор од поимот ментор со цел успешно разграничување на истите, за на крај судија Гајдова да го претстави начинот и постапката за поддршка во работата на новоизбран судија од страна на судот преку овластени лица – тутори.

По завршувањето на излагањата, присутните судии се впуштија во дебата и дадоа свои коментари и предлози за остварување на целите на обуката.

Обуката беше предвидена во рамки на проектот ,,Унапредување на квалитетот и одговорноста на Македонскиот правосуден сектор’’, кој е финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.

Ana
Share
This