Зголемена видливост на работата на Уставниот суд

Центарот за правни истражувања и анализи во претстојниот период ќе започне со имплементирање на ад-хок акцијата „Зголемена видливост на работата на Уставниот суд“.

Во рамките на програмата Цивика Мобилитас, спроведувана од Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка, а финансирана од Швајцарската амбасада во Република Македонија, Центарот за правни истражувања и анализи во претстојниот период ќе започне со имплементирање на ад-хок акцијата „Зголемена видливост на работата на Уставниот суд“.

Целта на акцијата е да се зголеми видливоста на спроведување на правдата и поттикнување на јавната свест за постапката пред Уставниот суд во врска со јавните расправи.

Целните групи кои се засегнати од оваа акција се граѓаните на РМ, правосудни институции (Уставен суд на РМ, Министерството за правда, Бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП при Министерството за правда) и граѓанските организации кои што се залагаат за принципот на владеењето на правото и подобрување на системот на заштита на човековите права.

Акцијата ќе се спроведува во период од 4 месеци почнувајќи од јуни 2017 година.

Gorica Nadjinska
Share
This