
Во рамки на „Проект за добро управување со животна средна“ Центарот за правни истражувања и анализи во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители изготви Курикулум за еколошка правда за обука на судии и јавни обвинители.
Kако цели на обуката се поставуваат:
- Вовед и запознавање со меѓународното право на животна средина,
- Поврзување на концептот на човекови права и животна средина,
- Запознавање со основните правни принципи на правото на животна средина,
- Запознавање со правната регулатива за климатска акција,
- Правото на пристап до информации, учество на јавноста во одлучувањето и пристап до правдата за прашања поврзани со животната средина,
- Разбирање на посебните области и медиуми на животната средина кои се предмет на регулација во посебните прописи за животна средина.