Меморандум за соработка со Правниот факултет Јустинијан Први – Скопје и Правниот факултет при Универзитетот Гоце Делчев Штип

Со цел остварување на стратегиските цели и приоритети, како и зајакнување на веќе започнатата соработка, Центарот за правни истражувања и анализи потпиша два меморандума за соработка.

На 20 март 2017 година ЦПИА потпиша Меморандум за соработка со Правниот факултет во рамките на Универзитетот Гоце Делчев Штип. Вториот Меморандум беше потпишан со Правниот факултет Јустинијан Први при Универзитетот Свети Кирил и Методиј, на 4 април 2017 година.Центарот за правни истражувања и анализи и правните факултети се согласија да соработуваат во областите и сферите на нивното делување, а особено во областите на правни обуки, гадење правна свест, човекови права, владеење на правото, развој на правни ресурси, пристап до правда, демократизација и добро владеење. 

Gorica Nadjinska
Share
This