Наставни програми за правна аргументација, структура и образложение на пресуда

Центарот за правни истражувања и анализи подготви наставна програма за почетна и напредна обука како дел од програмата на Академијата за судии и јавни обвинители на тема: правна аргументација, структура и образложение на пресудите.

Обуката по правна аргументација ги има и следниве специфични цели:

-Да воспостави вештини во кои централно место има дијалектичкиот приод за правна дискусија преку која спорот треба да се реши на рационален начин. Со цел да се даде адекватна евалуација на правната аргументација, обуката нуди низа теоретски модели за реконструкција на правните аргументи, преку примена на основни правила.

-Да ја афирмира оправданоста на одлуките од правен карактер врз формални, материјални и процедурални основи, вклучувајќи и хевристички алатки за анализи и дискусија.

Притоа, целта на обуките ќе биде подигнување на свеста на учесниците (претежно судии и нивни стручни соработници) за важноста на правилното структурирање и образложување на домашните пресуди за соодветната имплементација на правото на ЕСЧП, како и заради ефективна заштита на правата и слободите на граѓаните на национално ниво. Намерата е да се постигне поуспешна и поефикасна имплементација на праксата на ЕСЧП во националниот правен поредок, од една, како и да им се даде значителна и практична помош на македонските судии во пишувањето на пресудите на начин кој е во согласност со клучните структурални елементи на пресудите на ЕСЧП, од аспект на образложението и правната аргументација, од друга страна. За таа цел, понатаму во текстот ќе се обидеме да дадеме компаративна анализа на структурата на пресудите на Судот во Стразбур во однос на пресудите на националните судови во Република Македонија.

Ana
Share
This