Обука на судиите од Управниот и Вишиот управен суд за одржување на расправа во управен спор

На 10 и 11 март во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители по прв пат се одржа обука за водење на расправа во управен спор за судиите од Управниот и Вишиот управен суд.

Целта за спроведување на еден ваков проект eво согласност со новите измени на Законот за управни спорови како и со остварување на идејата за унапредување на ефикасноста и транспарентноста на управното судство.

Директорката на АСЈО, д-р Наташа Габер Дамјановска ја поздрави обуката и истакна дека ваквиот тип на обуки, во кои се вклучуваат меѓународни експерти и практики кои поминале низ сличен реформен процес се секогаш добредојдени бидејќи овозможуваат широк дискурс помеѓу стручната фела. Програмскиот раководител на ЦПИА, Жарко Хаџи-Зафиров додаде дека меѓународната соработка и пред се интересот на судиите треба да се во линија на усовршување и унапредување на системот на управното судство.

Судиите од Управниот и од Вишиот управен суд имаа можност да поминат обука со искусен управен судија и да применат голем дел од регионалните и европските искуства и практики од областа на управното судство.

Обуката беше одржана врз основа на Прирачник за водење на јавна расправа, подготвен од судијата Жељка Зрилиќ Јежек од Управниот суд во Загреб. На обуката, судијата ги истакна нејзините искуства и научени лекции од најважните аспекти од одржувањето на јавна расправа, односно подготовката на јавна расправа (претходното испитување на тужба, достава на одговор на тужба, закажување на јавна расправа), начелата на јавна расправа, изведување на докази во управен спор, сослушување на странки и одржување на редот. Прирачникот воедно ќе биде основа за подготовка на Курикулум за водење на јавна расправа во управен спор кој ќе биде дел од програмата на АСЈО за управното судство.

Проектот ,,Административна правда по европски стандарди” е финансиран од Фондацијата отворено општество Македонија.

Gorica Nadjinska
Share
This