Прирачник за водење на расправа во управен спор

Прирачникот за водење на расправа во управен спор претставува инструмент наменет за управните судии во Република Северна Македонија.

Прирачникот за водење на расправа во управен спор претставува инструмент наменет за управните судии кои согласно Законот за управните спорови одржувањето на јавната расправа во управен спор го поставуваа како правило кое овозможува независност и непристраност, а воедно и контрактирност во постапката. Прирачникот означува една нова фаза од управното одлучување, која ќе значи донесување на одлуки врз основа на меѓународните практики и принципи.

Прирачникот е подготвен од страна на управниот судија Жељка Зрилиќ Јежек од Управниот суд од Загреб. Процесот на изработка и адаптација на Прирачникот беше позитивно оценет од страна на судиите од Управниот и Вишиот управен суд преку нивното учество и професионално инволвирање на обуката одржана во Академијата за судии и јавни обвинители. Во него се содржани основните и значајни теми за управните судии како подготовка за јавна расправа (претходно испитување на тужба, достава на одговор на тужба, закажување на јавна расправа), начела на јавна расправа (одржување на јавна расправа, сослушување на сведоци и странки), изведување на докази во управен спор и одржување на ред.

Прирачникот е подготвен во рамки на проектот„Административна правда по европски стандарди”, имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи, а финансиран од Фондација Отворено општество-Македонија.

Ana
Share
This