ЦПИА во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители и Судскиот колеџ од Лондон, поддржани од Британската амбасада Скопје организираа спeцијaлизирaнa oбукa за обучувачи за Европската конвенција за човекови права.
Центарот за правни истражувања и анализи во рамките на проектот „Поддршка за воспоставување на унифицирана судска пракса во македонскиот правен систем“ поддржан од Британската амбасада Скопје, во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ и Судскиот колеџ од Лондон, на 11 и 12 мај 2016 година во просториите на Академијата организираа спeцијaлизирaнa oбукa за обучувачи за Европската конвенција за човекови права. Обуката беше наменета за Едукаторите на Академијата.
Темите опфатени во рамките на обуката се однесуваа на пресудите на Европскиот суд за човекови права, пристапот на судот, обезбедување на информации во база на податоци, дискусија на тема „факти наспроти закон“ како и работа во групи на случаи од пракса.
Обуката беше концепирана и спроведена од еминентни експерти од Судскиот Колеџ од Лондон, судиите Марк Оклтон и Николас Колман, во соработка со национален експерт од Академијата за судии и јавни обвинители.