Одржана првата работилница за одговорност, ефективност и транспарентност во судството

На 1-ви и 2-ри јули во Охрид, беше одржана првата работилница за одговорност, ефективност и транспарентност во судството во рамките на проектот ,,Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството‘‘.

Проектот е финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи заедно со проектниот партнер Институт за човекови права. 

На работилницата учество зедоа судиите и судската администрација од судовите на апелациското подрачје Битола заедно со адвокати и останати правни практичари.

На овој дводневен настан се реализираа работилници на кои предмет на дискусија беа статусот на судиите според меѓународните и домашните правни рамки, транспарентноста на судството, градењето на интегритетот на судиите, функционалноста на АКМИС, односно системот за автоматска распределба, управувањето со предмети во функција на интероперабилност, дисциплинската наспроти етичката одговорност на судиите како сегменти на отпочнатиот процес на реформи на судскиот систем, ефикасна интерна и екстерна комуникација на судовите и справување со стресот во професијата, организација на работа и управување со времето.

За време на настанот, за секоја од одделните теми се разви дискусија со размена на искуства и знаења од страна на присутните учесници – судии, судски персонал и адвокати што придонесе за воочување на определени недоследности во судските процеси ,,теорија наспроти практика‘‘ кои низ овие работилници ќе бидат изложени од страна на учесниците и земени во предвид за нивна разработка преку активностите на проектните партнери.

Предавањата беа одржани од страна на експертите Наташа Габер – Дамјановска – директорка на АСЈО, Проф. д-р Гордана Лажетиќ – Универзитетска професорка, Лидија Таневска – Јадровска – шеф на Кабинетот на Претседателот на Врховен суд на РСМ и Лазар Нанев – Судија во Основен суд Кавадарци.

Во текот на проектот следат уште четири работилници за останатите апелациски подрачја (Скопје, Гостивар, Штип).

Gorica Nadjinska
Share
This