Со цел успешно спроведување на целите и активностите предвидени со проектот ,,Добро владеење во животна средина за имплементација на Зелена Агенда за Западен Балкан ” Центарот за правни истражувања и анализи потпиша меморандуми за соработка со Здружението на судии на Република Северна Македонија, Академијата за судии и јавни обвинители и Државниот инспекторат за животна средина.
Со меморандумите се предвидува зајакнување на соработката помеѓу страните во интерес на постигнување на целите на проектот, а ќе биде реализирана преку размена на информации, учество во проектните иницијативи и поддршка при имплементација на проектните активности.
Меморандумот стапи на сила со денот на неговото потпишување и ќе важи до 1 јануари 2027 година.
Повеќе за проектот ,,Добро владеење во животна средина за имплементација на Зелена Агенда за Западен Балкан ” може да прочитате тука:
Прочитај повеќе: Потпишан меморандум за соработка со цел успешно спроведување на проектот ,,Добро владеење во животна средина за имплементација на Зелена Агенда за Западен Балкан ”