Предизвици на судството во вонредна состојба

Поттикнати од новонастанатата ситуација која директно влијаеше во остварувањето на загарантираните човекови слободи и права, Центарот за правни истражувања и анализи самостојно ја подготви анализата Предизвици на судството во вонредна состојба.

Анализата е структуирана со цел да го објасни функционирањето на судството во три клучни аспекти: начин на организација, постапување по предмети и комуникација со јавноста за време на вонредна состојба. Податоците во извештајот беа собирани во периодот април-мај 2020 година преку изработка и доставување на електронски прашалници до претседателите и судските администратори на сите основни и апелациони судови, Управниот суд, Вишиот управен суд и Врховниот суд, до претседателот и генералниот секретар на Судскиот совет и Директорот на Академијата за судии и јавни обвинители.

Gorica Nadjinska
Share
This