Функционална анализа на апелационите судови на РСМ

Функционалната анализа на апелационите судови во Република Северна Македонија е прв извештај од ваков вид кој овозможува детален приказ на работата на апелационите судови во Република Северна Македонија.

Целта на оваа Функционална анализа е да ја претстави моменталната состојба во работењето на апелационите судови и да даде препораки за нивно подобрување. 

Доследното спроведување на препораките содржани во оваа анализа ќе доведат до значително подобрување на перформансите на четирите апелациони судови, а со тоа и до подобрена испорака на правдата во Република Северна Македонијa.

Функционалната анализа и Планот за подобрување на Врховниот суд се едни од клучните продукти во рамки на проектот “Зголемена ефективност во испорака на правдата преку подобрување на перформансите на институциите во правосудството” имплементиран од страна на Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) и PwC Македонија, а финансиран од Фондот за добро владеење на Владата на Обединетото Кралство. 

Ana
Share
This