Функционална анализа на Врховниот суд на Република Северна Македонија

Функционалната анализа на Врховниот суд на Република Северна Македонија е прв извештај од ваков вид кој овозможува детален приказ на работата на највисокиот суд во државата.

Целта на оваа Функционална анализа е да ја претстави моменталната состојба во работењето на Врховниот суд и да даде препораки за негово подобрување. Функционалната анализа овозможува проценка на перформансите на Врховниот суд во пет клучни области: независност и непристрасност, ефикасност, транспарентност и отчетност и квалитет на судска правда.

Функционалната анализа и Планот за подобрување на Врховниот суд се едни од клучните продукти во рамки на проектот “Зголемена ефективност во испорака на правдата преку подобрување на перформансите на институциите во правосудството” имплементиран од страна на Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) и PwC Македонија, а финансиран од Фондот за добро владеење на Владата на Обединетото Кралство. 

Ana
Share
This