Предлози за реформи во правосудството од основните судови во подрачјето на Гостивар и Штип

Центарот за правни истражувања и анализи ги промовираше документите за јавни политики кои произлегоа од наодите на првата национална примена на Матрицата на индикатори за мерење на перформансите и реформите во правосудството, пред основните судови од

На 25 ноември во хотел Радика во Маврово, професорката Гордана Лажетиќ заедно со судии и судските службеници дискутираа за проблемите со кои се соочуваат во секојдневното вршење на судиската функција. Фокусот на дискусија беше во однос на статусот и условите за работа на судската администрација. Тие истакнаа дека последниот Закон за судската служба е несоодветен и влијае на мотивацијата на судските службеници, особено поради фактот дека тие се изедначени со статус на административни работници и немаат можности за понатамошно унапредување. Тие заклучија дека за да се подобри ефикасноста на судството, мора да се изменат законските одредби со кои се регулира статусот на судската служба и неопходно е да се започне со оценување и на судската администрација.

На презентацијата пред судовите од апелационото подрачје Штип која се одржа на 5 декември, дискусијата продолжи во насока на статусот на судската служба, тие истакнаа дека се соочуваат со недостаток на доволен број на обуки и материјали за професионално унапредување. Покрај тоа, како проблем тие го истакнаа зголемениот обем на прекршочни предмети, како и предметите од оставинска постапка кои се сметаат како предмети во работа на судот. Беше препорачано да се размисли за креирање на модел одлука по примерот на Законот за управните спорови, како и дека ќе помогне со унифицирање на структурата на судските одлуки.

Преку широка дискусија, судиите дебатираа за најважните проблеми со кои се соочуваат, како што е потребата од мапирање и специјализација на вработените во судската служба. Дискутирајќи за статусот на стручните службеници, тие истакнаа дека несоодветните вработувања и непостоењето на оценување и унапредување на судската администрација ја отежнува нивната работа. Судиите истакнаа дека како предизвик во нивната работа е и начинот за оценување и унапредување на судиите како суштински аспект на независноста на судиите, функционирањето на АКМИС системот, како и прашањето за критериумите и квалификациите при избор на судии во АСЈО.

ЦПИА во изминатиот период ги дискутираше главните препораки од документите за јавни политики со судиите од основните судови од секое апелационо подрачје. Конкретните препораки кои ќе бидат дел од планот за подобрување ќе бидат дискутирани и пред апелационите судови и Врховниот суд. Целта е конкретните препораки да бидат преточени во измени во правната рамка, но и праксата во судовите. Документите произлегоа од првата национална примена на Матрицата на индикатори за реформи во правосудството.

Подготовката на документите за јавни политики како и нивната промоција е со поддршка на Британската амбасада Скопје во рамки на програмата „Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста на судството во Северна Македонија“ имплементирана од Центарот за правни истражувања и анализи.

Gorica Nadjinska
Share
This