Работна средба на Врховниот суд и четирите апелациони судови за хармонизирање на судската практика

Во периодот од 22 до 24 март се одржа работна средба на судии и претставници од Врховниот суд на Република Северна Македонија и судии и претставници од четирите апелациони судови во државата.

Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, во своето воведно обраќање го истакна значењето на работната средба, нагласувајќи дека континуитетот на средбите дава исклучителен придонес во хармонизирањето на судската практика.

Во рамките на работната средба се презентираа и дискутираа правните прашања од кривичната и од граѓанска област за кои е потребно усогласување на ставовите со цел хармонизација во примената на правото од страна на судовите во Република Северна Македонија.

Работната средба организирана од Центарот за правни истражувања и анализи, во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители, се заокружи со донесување на заклучоци кои произлегоа од плодната дискусија и презентираните мислења од страна на судиите на Врховниот суд и апелационите судови.

Ana
Share
This