
Во рамките на проектот „Поддршка за воспоставување на унифицирана судска пракса во македонскиот правен систем“, поддржан од Британската амбасада Скопје, Центарот за правни истражувања и анализи ја објави публикацијата: „Унифицирање на судската пракса во Македонија: Можности наспроти предизвици“ .
Оваа анализа е развиена со голем придонес и поддршка од страна на еминентни експерти од Обединетото Кралство, Данска и домашни правници, и дава поглед на моменталната состојба на судската пракса во македонскиот правен систем.