Функционална анализа на Академијата за судии и јавни обвинители

Функционалната анализа на Академијата за судии и јавни обвинители има за цел да ја претстави моменталната слика за нејзиното функционирање, и да ги расветли нејзините суштински задачи и цели, како и проблемите кои се јавуваат при нивното исполнување.

Функционалната анализа се фокусира на: (1) организацијата на Академијата, нејзиниот статус, односот vis-à-vis другите државни и јавни органи и начинот на кој е уредено раководењето со неа; (2) начинот на кој се организирани почетните и континураните обуки и правната рамка во тој поглед; (3) соодветноста на буџетот на Академијата воопшто и прашањето дали нејзините ресурси се правилно алоцирани; (4) административните кадри на Академијата (нејзините човечки ресурси); (5) нејзините останати ресурси (просторни услови и техничка опременост) и мерата во која се користат најновите информатички и комуникациски технологии (ИКТ) и (6) резултатите од работата на посебните организациски единици. 


Ana
Share
This