Функционална анализа на Јавнообвинителскиот систем во РСМ

Функционалната анализа е еден од клучните продукти во рамки на проектот “Зголемена ефикасност и ефективност во испорака на правдата преку подобрување на перформансите на институциите во правосудството“.

Проектот е имплементиран од страна на Центарот за правни истражувања и анализи – ЦПИА и PwC Македонија, финансиран од UK aid преку Владата на Обединетото Кралство и има за цел да дизајнира и воспостави во пракса релевантни алатки кои ќе ги поддржат реформските процеси со цел градење на поефикасен, поефективен и поекономичен пристап до правда за граѓаните, и како резултат на тоа подобрување на довербата во правосудните институции.

Функционалната анализа е поделена во три дела и ја опфаќа во целост работата и сите значајни аспекти од функционирањето на Јавното обвинителство (јавните обвинители од сите нивоа: основно, вишо и републичко), јавнообвинителската служба (во рамките на сите јавни обвинителства: основни, виши и републичко), и Советот на Јавните обвинители како главни целини во рамки на јавно-обвинителскиот систем во Република Северна Македонија.

Ana
Share
This