Поддршка на Судскиот совет во воспоставување на квалитетен систем за оценување на судии

Центарот за правни истражувања и анализи во периодот ноември 2019 – ноември 2020 година ќе го спроведува проектот ,,Поддршка на Судскиот совет во воспоставување на квалитетен систем за оцена на судиите“, поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија

Проектот има за цел да го поддржи работењето на Судскиот совет преку изработка на потребните подзаконски акти за правилна примена на Законот на Судскиот совет.  Во согласност со законските измени, критериумите за оценување и унапредување предвидуваат судиите во земјата за прв пат да бидат оценувани врз основа на квалитетот на нивното постапување и одлучување. Квалитативните и квантитативните критериуми за оценување на судиите ќе бидат систематизирани според правните области, комплексноста на предметите и надлежноста на судот. Воспоставувањето на квалитетен систем за оценување на судиите ќе придонесе кон подобрување на независноста и професионалното постапување на судиите, а воедно ќе ги постави и стандардите врз чија основа ќе се оценува и подобрува квалитетот на судиите.

Целта на проектот:

–  Подобрен квалитет и ефикасност во судството со што ќе се обезбеди отчетно работење на судството пред граѓаните;
–  Подобрени капацитети на Судскиот совет, Врховниот суд и апелационите судови за оценување на работата и способностите на судиите.

Во насока на остварување на споменатите цели, предвидени се следниве активности:

–  Подготовка на Методологија со индикатори за сложеност на предметите;
–  Подготовка на Правилник за оценување на судии;
–  Изработка на подзаконски акти за поддршка на Судскиот совет за примена на методологиите;
–  Спроведување на обука наменета за сите судии со цел обезбедување ефикасна и еднообразна примена на методологиите;
–  Пилотирање на системот за оценување;

Крајните резултати од спроведувањето на проектот се:

–  Подобрен квалитет и ефикасност на судскиот систем кој ќе значи зголемување на одговорноста пред граѓаните;
–  Вклучување на квалитативниот и квантитативниот критериум во работата на судиите, односно способност за справување со сложеност на случаи, независност и непристрасност во одлучувањето и ефикасност;  
–  Зголемување на улогата на  Судскиот совет и Врховниот суд при оценувањето на способностите на судиите.

Финансиска поддршка за реализација на проектот е обезбедена од Амбасадата на Кралството Холандија.

Gorica Nadjinska
Share
This