ЦПИА дел од Комисијата за избор на член на Судскиот совет од редот на судиите

Никола Јовановски од Центарот за правни истражувања и анализи избран за член на Комисија за избор за член на Судскиот совет од редот на судиите.

Согласно Јавниот повик објавен од страна на Судскиот Совет на РСМ до здруженијата и фондациите во областа на човековите права и владеењето на правото, Судскиот Совет на Република Северна Македонија за избор на член од редот на судиите припадници на заедниците кои не се мнозинство во Северна Македонија формираше Комисија за спроведување на избори на членови на Советот од редот на судиите.

Согласно член 14 од Законот за Судскиот Совет на РСМ еден член и заменик член се избираат од редот на претставниците на здруженијата и фондациите кои работат повеќе од пет години во областа на човековите права и владеењето на правото.

На 327-та седница на Судскиот Совет на РСМ донесена е одлука за формирање на Комисија за избори за член на Советот од редот на судиите и како член од здруженијата и фондациите кои работат во областа на човекови права и владеење на правото беше избран Никола Јовановски од Центарот за правни истражувања и анализи а за негов заменик беше избран Исмаил Камбери од Институтот за Европска политика. Останати членови на Комисијата се судијата Исамедин Лимани од Врховниот суд на Република Северна Македонија, кој е воедно и Претседател на Комисијата и судија Беким Мехмеди од Апелациониот суд Гостивар.

Поради истекување на мандат на член на Судскиот Совет, Комисијата спроведе гласање за избор на нов член од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20% од населението на во РСМ,  во сите судови во државата, а претставникот на Центарот за правни истражувања и анализи Никола Јовановски активно учествуваше во процесот на подготовка и спроведување на гласањето за кандидатите судија Артан Лимани и судија Ханиф Зендели.

Gorica Nadjinska
Share
This