Центарот за правни истражувања и анализи подготви инфографици од Првиот национален извештај од Матрицата за мерењето на перформансите и реформите на судството.
Инфографиците ги прикажуваат клучните наоди и перцепции на целните групи кои беа дел од процесот на мерење во пет клучни области за функционирањето на судството: ефикасност, транспарентност и отчетност, квалитет на судската правда, независност и непристрасност и професионален развој и соодветна застапеност.
На следниот линк можете да ги погледнете инфографиците кои се подготвени во рамки на програмата „Подобрување на транспарентноста, правната сигурнсот и ефикасноста на судскиот систем во Северна Македонија“, поддржан од Британската амбасада Скопје.