За Проектот
На 1 мај 2020 година, Центарот за правни истражувања и анализи започна со реализација на проектот „За правда – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството 2020-2021“
Проектот е имплементиран во партнерство со Институт за европска политика (ЕПИ), Институт за човекови права (ИЧП), Коалиција сите за правично судење (КСПС), Македонско здружение за млади правници (МЗМП) и Хелсиншки комитет за човекови права (МХК). Проектот е финанскиски поддржан од Фондација отворено општество – Македонија.
Општата цел на овој проект е да се зголеми учеството на граѓанските организации во процесот на следење и застапување на реформите во правосудството во Република Северна Македонија во процесот на пристапување кон Европската Унија. На краток рок целта е да се воспостави стуктуиран дијалог со граѓанските организации во насока на овозможување нивно учество во реформските процеси и политики во судството во контекст на обрските кои произлегуваат со пристапувањето кон ЕУ, понатаму следење на квалитетот на процесот на спроведување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017-2022), како и подобрување и зголемување на соработката со медиумите за да се обезбеди континуирана информираност на јавноста и граѓаните за напредокот на Северна Македонија во областа на правосудството, а со тоа и зголемена препознатливост на Блупринт групата со јавноста.
Остварувањето на целите се очекува да влијаат врз давање на јасна слика за спроведувањето на мерките од Стратегијата и ќе воспостави пракса на поголема отчетност, транспарентност и професионалност во работата на носителите на судската и правосудната власт во државата.
Проектот се спроведува за временскиот период од 1 мај до 31 декември 2020 година.