Центарот за правни истражувања и анализи во паратнерство со Здружение на Роми правници го спроведе проектот „Еднакви пред судот, безбедни во животот“.
Проектот имаше за цел да промовира еднаков и фер третман од правните органи кон ромската популација, преку истакнување на предизвиците во дискриминацијата, промовирајќи еднаквост во македонското општество.
Во рамките на проектот се направи проценка на состојбата во државата и се идентификува главните причини за несигурноста на Ромите во македонскиот правен систем, земајќи ги предвид клучните наоди од разни извештаи кои јасно укажуваат на одредено ниво на предрасуди и нееднаков третман, но не само процедуранло, туку и како проблем во праксата. Проектот се фокусираше на сензибилизација на клучните судски чинители (судии и јавни обвинители) преку обезбедување на повеќе обуки за недискриминација. Проектот изготви и сеопфатен документ за јавни политики со цел да произлезат препораки кои беа споделени до релевантните институции.
Проектот имплементираше и компонента за градење капацитети во однос на зголемување на знаењето на младите студенти по право за принципот на недискриминација и еднаквоста пред законот, како и промовирање и активно вклучување во справувањето со анти-ромската реторика, говорот на омраза и делата од омраза кон оваа заедница во Македонија.
Проектот беше поддржан од Фондацијата Институт Отворено Општетсво.