Унапредување на квалитетот и одговорноста во Македонскиот прaвосуден сектор

Центарот за правни истражувања и анализи од 1 октомври 2021 година започна со имплементација на проектот ,,Унапредување на квалитетот и одговорноста во Македонскиот правосуден сектор”. Проектот ќе се спроведува низ три клучни компоненти:

– Подготовка и имплементација на програма за менторство за судии од основните, апелационите и Врховниот суд на РСМ, врз основа на компаративни искуства од холандско законодавство;

-Поддршка на Судскиот совет во спроведувањето на Методологијата за сложеност на предметите и Методологијата за оценување на судиите; и

Анализа на домашни и пресуди од Европскиот суд за човекови права низ призмата на правните образложенија.

Проектот ќе придонесе кон зајакнување и унапредување на практичните и теоретски знаења и вештини на новоизбраните и унапредените судии преку директна комуникација и споделување на искуствата со судиите едукатори, и ќе овозможи директна примена во пракса на Методологиите за сложеност на предметите и оценување на судиите во РСМ.  

Временската рамка за спроведување на проектот е октомври 2021 – септември 2023 година и истиот е поддржан од Амбсадата на Крлаството Холандија.

Gorica Nadjinska
Share
This