Празнини и предизвици за ефикасна правда за заштита на личните податоци и правото на приватност

Во рамки на проектот „Ефикасна правда за заштита на основните слободи и правото на приватност во онлајн-просторот“, финансиран од Европската унија, а имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи и Македонското здружение на млади правници, тим од експерти ја изработија анализата на празнини со наслов “Празнини и предизвици за ефикасна правда за заштита на личните податоци и правото на приватност”. Оваа анализа ќе послужи да се согледа степенот на заштита на правото на приватност и слободно располагање со личните податоци во правосудниот сектор односно, дали Законот за заштита на личните податоци на сеопфатен начин ги уредува прашањата за собирање, чување, пренос и обработка на личните податоци, а особено начелата поврзани со обработката на личните податоци од аспект на имплементација во пракса од страна на правосудните органи. Воедно, aнализата дава проценка на надлежноста и идентификување на недоследности на судството и јавното обвинителство во овозможување на ефикасна правда за заштита на човекови права, правото на приватност и лични податоци во дигиталниот простор.

Публикацијата можете да ја преземете на следниот линк на македонски јазик:

Скратената публикацијата на албански јазик можете да ја преземете на следниот линк:

Ana
Share
This