Водич за заштита на правото на приватност во дигиталниот простор (практични насоки за правни професионалци)

Овој водич е замислен да биде еден вид практична алатка, каде што ќе бидат сублимирани во еден документ сите поважни поими, правни рамки, закани, принципи, актери, механизми, правни лекови и процедури што се предвидени во законодавството и практиката на Република Северна Македонија, како и некои практични дилеми, примери и сентенции како на овие прашања гледаат Европскиот суд за човекови права и Европскиот суд на правдата.


Примерите и насоките дадени во овој водич треба да им служат на државните органи, пред сè АЗЛП, но и на актерите во правосудството (судиите, јавните обвинители, адвокатите) во Република Северна Македонија, како и на сите правни и физички лица, кога се занимаваат со прашања за заштита на податоците, без разлика дали вршат надзор или супервизија над примена на прописи, одлучу ваат за жалби или тужби поврзани со ракување, обработка или злоупотреба на
лични податоци, откриваат и/или гонат сторители на казнени дела и прекршоци, даваат
правна помош или самите треба да ја почитуваат заштитата на податоците во рамките на вршењето на нивната дејност

Документот е базиран на клучните принципи за изработка на „ Водич за заштита на правото на приватност во дигиталниот простор “, што беа подготвени како резултат на Експертската TAIEX мисија што беше имплементирана во периодот од 31 октомври до 2 ноември 2023 година во Република Северна Македонија. Целта на TAIEX мисијата беше да обезбеди поддршка и совети за подготовка на „Насоки за судските чинители за приватност и заштита на податоците во Република Северна Македонија“, во согласност со GDPR и acquis на ЕУ во оваа област.

Водичот можете да го најдете на следниот линк:

Ana
Share
This