На 30.05.2024 година во просториите на МАНУ беше одржан состанок на Платформата за еколошка правда, каде присуствуваа претставници од Центарот за правни истражувања и анализи, ЕКО-СВЕСТ, Министерството за внатрешни работи, Милеуконтакт, Македонското здружение на млади правници, МАНУ, Академијата за судии и јавни обвинители, Државниот инспекторат за животна средина и Министесрвото за правда.
Академикот Владо Камбовски направи кус осврт на актвивностите од изминатиот периот и се заблагодари за можноста да биде досегашен претседател на Платформата. По своето поздравно обраќање ги повика присустните да гласаат за избор на следниот претседател на Платформата, при што едногласно беше избран Никола Јовановски од Центарот за правни истражувања и анализи. За заменик претседател на Платформата исто така едногласно беше избран Бојан Трпевски од Македонското здружение на млади правници.
Во продолжение на состанкот се зборуваше за актуелни теми од областа на животната средина. Никола Прокопенко од Министерството за правда ги претстави новините во однос на меѓународните стандарди поврзани со кривичните дела во животната средина и најновата директива на ЕУ за заштита на животната средина во казненото право и потребите од доусогласување со директивата. Новитет е и Конвенција за заштита на животната средина преку казненото право на која моментално се работи во рамки на Советот на Европа.
Свое обраќање имаше и адвокатот Жарко Хаџи Зафиров кој зборуваше за постапките кои се водат пред Управниот суд на РСМ во врска со квалитетот на воздух. Во самата тужба се бара одговорност на државните органи поради недонесување на мерки за соодветен квалитет на воздух.
По излагањата на Прокопенко и Хаџи Зафиров настана дискусија каде претставниците од Министерството за внатрешни работи – инспектори споделија дел од своите проблеми и предизвици во работата кога животната средина и во прашање. Дарко Блинков од ДИЖС зборуваше за предизвиците со кои тие со соочуваат, а го претстави и Мануел Салгадо Бланко – инспектор за животна средина од Шпанија кој моментално е на размена во ДИЖС со цел да го сподели неговото искуство со инспекторите во нашите институции.