ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда.

Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и видео материјали, наменети за Facebook и Instagram.

Кампањата има за цел да ја зголеми јавната свест за правата од областа на животната средина, механизмите за јавна партиципација и институционалната заштита, преку визуелно пристапни и разбирливи содржини.

Ангажманот ќе се реализира во периодот од 15 јуни 2026 година до 1 ноември 2026 година.

Заинтересираните кандидати треба да достават CV, портфолио, финансиска понуда на email адреса [email protected] , најдоцна до 01.06.2026 до 16:00h.

Повеќе информации се достапни во спецификацијата во прилог.

ЈАВЕН ПОВИК – Кампања

Прилог 1 – Образец финансиска понуда 

Ana
Share
This