Од потребите до решенијата: Четири фокус групи за унапредување на менторството во правосудството

Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА), во тесна соработка и координација со Академијата за судии и јавни обвинители, организираше четири фокус групи во рамките на проектот „Менторство во правосудството и младински ангажман за родова еднаквост“, поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.

Фокус групите беа реализирани во сите четири апелациони подрачја во државата, со учество на вкупно 42 судии и јавни обвинители. Нивната цел беше да придонесат кон подготовката на Проценка на потребите за воспоставување родово сензитивна менторска програма, преку размена на искуства, идентификување на предизвиците во постојните менторски практики и дефинирање на препораки за унапредување на системот на менторство во правосудството.

Подготовката на Проценката на потребите претставува значаен чекор во реализацијата на проектот. Врз основа на наодите и препораките од овој документ, во следната фаза ќе биде изработена родово сензитивна менторска програма, која ќе претставува основа за воспоставување и спроведување на структуриран процес на менторирање на судии и јавни обвинители.

ЦПИА изразува благодарност до Академијата за судии и јавни обвинители за успешната соработка, како и до сите судии и јавни обвинители кои со своето активно учество и експертиза придонесоа кон овој важен процес.

Ana
Share
This