Одржана средба на платформата за еколошка правда

На 28 мај 2026 година, во Македонската академија на науките и уметностите во Скопје, Платформата за еколошка правда одржа средба посветена на актуелни прашања поврзани со животната средина, комуникацијата и судската практика.

Во рамки на настанот, м-р Моника Аксентиевска од Институтот за комуникациски студии имаше излагање на тема „Комуникацијата како двигател за промени во заедницата – Преспа? Разбуди се за чиста средина!“.

Таа зборуваше за улогата на комуникацијата во подигнувањето на јавната свест за проблемите со отпадот во Преспанскиот регион, како и за важноста од информирање, едукација и активно вклучување на заедницата во создавање одржливи навики и решенија. Во презентацијата беа претставени активностите што се реализираат преку кампањата „Преспа? Разбуди се за чиста средина!“, која има цел да поттикне поголема одговорност и учество на граѓаните во управувањето со отпадот.

Свое излагање имаше и м-р Жарко Хаџи Зафиров од Центарот за правни истражувања и анализи, на тема „589 дена по начелниот став на Врховен суд на РСМ: Што навистина се промени во судската пракса?“.

Во своето обраќање, тој се осврна на примената на начелниот став на Врховниот суд во пракса, предизвиците во постапувањето по предмети поврзани со животната средина и потребата од поефикасна и поконзистентна судска заштита во областа на еколошката правда.

Средбата отвори простор за дискусија меѓу претставници на институции, граѓански организации и експерти, со фокус на унапредување на јавниот дијалог и зајакнување на механизмите за заштита на животната средина.

Ana
Share
This