- Околу 40% од територијата на Северна Македонија е покриена со шуми, кои претставуваат еден од најзначајните природни ресурси во државатa.
- Секоја година во државата се трошат околу 2.165.000 m³ огревно дрво, а проценките покажуваат дека повеќе од половина од ова количество потекнува од нелегална сеча.
- Нелегалната сеча, шумските пожари, деградацијата на шумите, ограничените ресурси и недоволната институционална координација претставуваат сериозни предизвици за одржливото управување со шумите.
Tокму на овие прашања беше посветена денешната експертска дискусија, на која претставници на институции, експерти и граѓански организации разменија мислења и искуства за:
– законската рамка и нејзината примена во пракса;
– институционалната координација и надлежностите;
– предизвиците во откривањето, докажувањето и санкционирањето на нелегалната сеча;
– превентивните механизми и институционалната подготвеност;
– усогласувањето со европските стандарди и добри практики.
Дискусијата потврди дека е потребен поинтегриран пристап, подобра координација и поефикасно спроведување на законите за да се обезбеди долгорочна заштита на шумите и природните ресурси.


Настанот е организиран во рамки на проектот „Enhanced Civic Engagement for Environmental Protection“ финансиран од Expertise France, a имплементиран од Центар за правни истражувања и анализи, Македонско здружение на млади правници, Флорозом и Милиеуконтакт.