Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање тројца експерти за подготовка и спроведување тематски сесии во рамки на три еднодневни напредни обуки за еколошка правда, организирани во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители.
Се предвидува ангажирање по еден експерт за следните позиции:
- Експерт за практиката на Европскиот суд за човекови права во областа на еколошкиот криминалитет;
- Експерт за право на Европската Унија и практиката на Судот на правдата на Европската Унија во областа на животната средина;
- Експерт за зелена виктимологија.
Секој избран експерт ќе подготви и ќе спроведе тематска сесија на сите три обуки, со содржина што ќе биде практично ориентирана и приспособена на потребите на судиите и јавните обвинители.
Првата обука ќе се одржи на 21 септември 2026 година, втората е планирана за втората половина на октомври, а третата во текот на ноември 2026 година.
Заинтересираните кандидати треба да достават детална биографија со наведени референци на електронската адреса [email protected], со назнака: „Пријава за експерт – ПОЗИЦИЈА 1/2 или 3“, зависно од позицијата за која се пријавуваат.
Рокот за пријавување е 10 септември 2026 година до 16:30 часот.
Целосниот текст на јавниот повик, работните задачи, потребните квалификации и условите за ангажман се достапни во документот во прилог – Јавен повик – напредна обука
Активноста се спроведува во рамки на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена агенда за Западен Балкан“, финансиски поддржан од Европската Унија.